Дел од досегашните раководни структури на политичката партија ИНТЕГРА денеска остварија средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, на која најавија дека ќе преминат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Воислав Зафировски од ИНТЕГРА на денешната прес-конференција по одржувањето на состанокот истакна дека одбиваат да работат и да се декларираат како дел од оваа ИНТЕГРА, која според него, работи во несоодветни услови.
Нагласи дека преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ и испрати повик сите десно ориентирани политички партии да им се придружат.
-Затоа сакам да нагласам дека сите се определивме да преминеме во ВМРО-ДПМНЕ и од тука испраќаме повик до сите оние десно ориентирани политички партии па и оне кои не се десно ориентирани да ни се придружат, да направиме блок кој ќе ја реализира онаа идеја која беше присутна уште пред изборите, а таа идеја беше да се сруши оваа власт, која ја обезличи и обешчести Македонија. Затоа повикот е отворен, затоа прифативме да бидеме дел од опозицијата, а не дел од власта, рече Зафировски.
Според Зафировски, актуелниот претседател на ИНТЕГРА за време на изборниот период одработил за актуелната власт, а самиот Зафировски е разрешен на седница без да биде повикан на истата, наводно поради морални причини.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција посочи дека испратил повик до сите политички партии кои ценат дека оваа денешно политичко битисување во Владата е погрешно и дека оваа мафијашко однесување на Владата е на штета на интересите на граѓаните и на државата да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние ваков повик имавме и пред изборите, но за жал дел од партии кои сега се вон Парламентот а се декларираат како опозициски, таков е и лидерот на ИНТЕГРА, имаме сериозни информации и докази дека беа финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се денеска тука со мене исто така дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозиција и да се поделат гласовите, на долг рок ова е погубно за граѓаните, рече Мицкоси.
Прашан како ќе функционираат новите членови во партијата Мицкоски појасни дека во рамките на вертикалното функционирање на партијата, за сите оние членови кои ќе дојдат од други партии, нивни квалитети индивидуални но и професионални ќе бидат интегрирани ќе можат да се приклучуваат кон опозициски блок, директно кон ВМРО-ДПМНЕ во рамките на општинските, месните комитети, комисиите на партијата, зошто да не Централниот комитет, Извршиот комитет или конгресот.
Сите оние политички партии кои нема да се интегрираат во ВМРО-ДПМНЕ а ќе даваат поддршка во активности на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ќе бидат дел од овој поширок опозициски блок.