Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Европската унија сака да не заостанува зад САД во казнувањето на Русија, жртвувајќи ги своите интереси.
-За жал, ЕУ избра да ги жртвува своите геополитички и стратешки интереси заради моменталната желба да не заостанува зад САД во она што се нарекува „казнување на Русија”, но веќе сме навикнати на тоа, рече Лавров во интервју за телевизискиот канал „Русија-1 “.
Тасс пренесува дека Лавров кажал дека во такви околности, потребно е Русија со ЕУ да изгради односи во кои интересите на Москва во иднина ќе бидат заштитени со своевидна „безбедносна мрежа”.