Во Албанија утре почнува новата 2020/2021 учебна година, според посебни протоколи поради пандемијата со Ковид-19.
На ученичка клупа треба да седнат 430.000 основци и средношколци, од нив над 31.000 првачиња. Сите задолжително треба да носат заштитна маск, да вршат дезинфекција на рацете и обувките и да одржуваат физичка дистанца.
Во секое училиште ќе има по еден здравствен работник,кој при влезот во училштето ќе им мери температура на учениците.
До сите училишта Министерството за образование, спорт и млади веќе доставило формулари, што „под лична одговорност” секој ученик треба да го пополни со податоци дека не е заразен ниту имаат некој заразен член во семејство.Истото треба да го сторат и нивните родители.
Во Албанија наставата ќе се одвива комбинирано, една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта ќе се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час ќе трае 30 минути а во училница ќе има до 20 ученици.
Поради пандемијата училиштата беа затворени на почетокот на март а на почетокот на јуни беа отворени единствено за учениците од завршните класови на средните учлишта, заради полагање на матурскиот испит.
Од 31 август до 11 септември во 600 основни училишта беше одржана дополнителна настава за над 5.400 основци, кои не биле во можност да следат онлајн настава.
Беа опфатени главно децата од ромска и египќанската етничка заедница, оние од поддалечените рурални области, како и од семејства со значителни економски и социјални проблеми.