Зибери нема да му биде советник на Груби – по наводното разменување на шамари, Груби: „Цел сум на лажни вести!“

Насер Зибери нема да му биде советник на Артан Груби во Министерството за политички систем. На прашање од ТВ21 дали Насер Зибери ќе биде советник во министерството со кое тој раководи, тој рече дека Зибери нема да работи во новото министерство туку ќе биде дел од тимот интелектуалци кој ќе помага во структурирањето на новото министерство.

„Г. Зибери нема да работи во Министерството за политички систем туку ќе биде дел од тимот интелектуалци кои ќе прават анализа на структурирањето на истото. Некој кој знае како дише Мировниот Охридски Договор и заедно со други професионалци  како што е г. Борче Давитковски и некои други професори со кои планирам средба овие денови, ќе направиме тим на професионалци и познавачи на оваа област и кои ќе помогнат во структурирањето и функционирањето на новото министерството за добивање на својата целосна улога“, истакна Артан Груби.

Како приоритет Груби истакна дека ќе биде подигање на динамиката на Законот за употреба на јазиците, комплетирање на Агенцијата за употреба на јазиците и Инспекторатот за употреба на албанскиот јазик, систематизацијата на 1300 административци кои се вработени во неговото министерство а кои не одат на работа, наследени од Секретаријатот за Рамковниот договор.

 

Треба да знаете
Последни објави