Тренерот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по поразот од Марсеј во третото првенствено коло, призна дека е задоволен од играта на тимот. Сепак, специјалистот е разочаран од резултатот.
– Нашата игра беше исклучителна, имавме одлична игра. Сепак, не ми се допаѓа резултатот, немавме среќа, рече меѓу другото Тухел.
ПСЖ го забуи мечот со 0:1, а во самиот финиш судијата додели три црвени каартони за домаќините и два за гостинските фудбалери.
Пари Сен-Жермен по два натпревара во новото првенство во Лига 1 е без освоен бод.