Учебната година почнува во Грција, Албанија Косово и Романија .
Во Грција и Косово одделенијата и класовите ќе бидат во полн состав, односно со присуство на сите ученици, во Албанија и Романија наставата ќе се одвива комбинирано.
Властите во Грција најавија дека учебната година почнува со маски, антисептици, шише за повеќекратна употреба за вода за секој ученик, со одржување на потребното растојание и под здравствени правила и протоколи, но и со лице одговорно за Ковид-19 во секое училиште, слично е и во Косово.
Во Албанија и Романија наставата ќе се одвива комбинирано, една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во Албанија наставниот час ќе трае 30 минути, а во училница ќе има до 20 ученици.