На тренерот на францускиот фудбалски лигаш Олимпик Марсеј, португалскиот стратег Андре Виљаш- Боаш кој го надмудри шампионот ПСЖ не му беше доволна победата на „Паркот на принцовите“ (1:0), па го продолжи пеколот за „светците“ со зајдлива изјава. Средбата изобилуваше со голема нервоза која на крајот кулминираше со инцидент по кој беа покажани дури пет црвени картони.
– ПСЖ доминира десет години во Франција, но потроши милјарда за да го постигнат тоа. Треба да се даде важност на тоа што го прават во Франција, но тие инвестираа за да ја освојат Лигата на шампионите, а кога и да се обидеа во тоа не успеваа – им порача саркастично Виљаш- Боаш кој потоа истакна дека и Тухел му испратил провокација велејќи му дека треба да игра лото, на што стратегот на Марсеј не му премолчел.
– Тоа беше нормално по крајот на натпреварот. Тухел ми рече дека треба да играм лото, а јас му реков дека тој сигурно играл лото пред натпреварот со Аталанта -заврши Виљаш-Боаш.