Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби имаше средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.
Груби и Петровиќ потврдија дека двете земји негуваат добро пријателство и соработка, почитувајќи ги истите вредности – Европската Унија и НАТО.
На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија има важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан и во исто време е добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.
Марија Петровиќ му се заблагодари на Груби за поддршката што Република Северна Македонија и ја дава на Црна Гора на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија.
Двајцата се согласија дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и на тој начин да ја зајакнуваат економската соработка.