Почина американската пејачка Џули Круз, најпозната по песната Falling од хит серијата „Твин пикс“. Таа имаше 65 години, а веста за нејзината смрт на „Фејсбук“ ја објави сопруготот Едвард Гринан, но не ја откри причината.
Пејачката во 2018 година им откри на обожавателите дека боледува од системски лупус.
„Болката е толку силна што плачам и викам по луѓето. Едвај можам да одам. А сега ми е тешко и да стојам“, кажа тогаш Круз.
Круз, често соработуваше со режисерот Дејвид Линч. Тие првпат работеа заедно на филмот од 1986 година „Blue velvet“, а потоа се здружија со композиторот Анџело Бадаламенти за да го направат деби албумот на Круз, Floating Into The Night од 1989 година.
Две години подоцна, во 1991 година, го снимија хитот Falling, кој се најде во славната серија на Линч, „Твин пикс“ и песната се најде на првото место на австралиските топ листи. Круз подоцна глумеше во серијата и се појави во трите сезони на шоуто, но и во филмот од 1992 година, Fire Walk With Me.