Денвер стана првиот тим во историјата на кошаркарската НБА-лига кој го израмни резултатот по водство на противникот со 3:1 во две последователни плејоф серии. Нагетс синоќа го победија Клиперс во шестиот натпревар од 2. коло во плејофот (111:98), иако губеа со 19 поени во третата четвртина.
Претходно, Денвер ја победи Јута во првото коло од плејофот, по негатива од 1-3 во серијата.
Денвер исто така стана првиот тим во историјата на НБА кој трипати избегнал испаѓање во плејофот, губејќи 15 или повеќе поени во текот на натпреварот.