Мурињо сака да го види Регилон во Тотенхем

Дефанзивецот на актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Серхио Регилон може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Дејли меил”.

Според изворот, за 23-годишниот Шпанец е заинтересиран Тотенхем. Тренерот на тимот од Лондон, Жозе Мурињо сака да го види играчот во клубот.

Изминатата сезона Регилон ја помина на позајмица во Севиља, постигнувајќи три гола и реализирајќи пет асистенции на 38 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави