Пандов: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш ја гледала Македонија во НАТО и ЕУ и до ден денес гледа кон Западот

„Пред потпишувањето на Договорот со Бугарија јас имав огромен број на забелешки, исто така имам и сега. Македонија имаше еден таков договор со Бугарија и ни забележуваа како тоа ВМРО-ДПМНЕ потпишал таков договор. И тоа е договор скоро ист, само сега има една огромна забелешка или прифатено е да се ревидира историјата и тоа не е ништо ново, тоа не е ново барање од страна на официјална Софија“, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов потсети на разните дискусии како онаа на советникот на претседателот Стево Пендаровски, професорот Денко Малески кој беше и прв министер за надворешни работи на независна Македонија кој отворено кажува дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари.

„Искрено, како никогаш до сега сум уплашен од ова што се случува, Македонија во корен е загрозена, или тие луѓе до толку се слепи и не гледаат или се заслепени од некои материјални добри. Ова е битка која само македонскиот народ и сите граѓани кои ја сакаат Македонија можат да ја спасат, Македонија само така може да се спаси“, кажа Пандов.

„Многу е фер и чесно да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која барала Македонија да е во НАТО, а и во ЕУ. Ниту во историското ВМРО, ниту сега гледа кон Исток. Секогаш ВМРО до ден денес гледа кон Запад. Ние сега зборуваме дека македонизмот е во корен загрозен, ако оваа пропаганда на Бугарија помине ние  сме готови како народ“, рече Пандов.

Пандов рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, сама со протестот не може да го стопира ова што се случува, оваа пропаганда од Бугарија.

 

„Зад зачувувањето треба да застанат сите Македонци, сите кои живеат тука кои се чувствуваат како Македонци. Со еден протест на ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека не може тоа да се случи, треба единство за ова прашање“, кажа Пандов.

Треба да знаете
Последни објави