Познатата тв водителка Сузана Турунџиева деновиве беше во посета на хероината од Медена земја, Атиџе Муратова, која пак ја угости со кафе. Турунџиева вели дека 2020 година за неа е промашена година, но средбата со Атиџе и е нејдоброто нештокое воопшто и се случило.
Сузе преку фотографии на кои разговараат, се прегрнуваат, пијат кафе, ја долови енергијата која ја доживеала таму, а во описот својата средба со Атиџе ја раскажа вака:
-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе, пишува Сузана.
Преземено од Скопје24