Кинески виролог, кој тврди дека Ковид-19 е создаден од човечка рака во лабораторија во Кина, во понеделникот објави извештај за кој вели дека го поддржува нејзиното експлозивно тврдење, пренесува „Њујорк пост“.
Д-р Ли-Менг Јан, поранешен истражувач на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, објави труд на веб-страницата „Зеноте“, за кој тврди дека покажува како САРС-Ков-2 може да биде креиран во лабораториски услови за шест месеци.
Трудот, коавторско дело создадено заедно со двајца други истражувачи, е насловен како „Невообичаени карактеристики на геномот САРС-Ков-2 што сугерираат софистицирана лабораториска модификација наместо природна еволуција и обележување на неговиот веројатно синтетички пат“.
Други научници надвор од Калифорнија претходно објавија напис за мапирањето на генетската секвенца на вирусот кое докажува дека САРС-Ков-2 не е лабораториски направен или намерно манипулиран вирус.
Јан, која тврди дека го направиле едно од првите истражување за Ковид-19 минатата година, претходно го обвини Пекинг дека лажел кога дознал за вирусот убиец и се обидел да ја прикрие нејзината работа. Таа вели дека нејзините поранешни супервизори на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, референтна лабораторија за СЗО, ја замолчиле кога таа во декември минатата година алармирала за пренесување на вирусот од човек на човек.
Јан исто така тврди дека пред да избега од Кина, нејзините податоци биле избришани од владините бази на податоци. Лабораторијата негираше дека Јан некогаш спровела какво било истражување за пренесување на вирусот од човек на човек и дека нејзините тврдења немаат научна основа.
Во април, Јан избегала од Хонг Конг во Америка за да ја подигне свеста за пандемијата. Таа се криела од страв за својата безбедност.Јуан Жиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, претходно ги негираше тврдењата дека вирусот случајно се раширил од неговиот објект.