Повеќето луѓе во Франција би поддржале враќање на смртната казна, покажа истражување на институтот за анкети Ипсос.
Околу 55 проценти од анкетираните луѓе се согласиле со изјавата: „Смртната казна треба да се врати во Франција”.
Поддршката за смртната казна била најсилна меѓу приврзаниците на десничарскиот популистички Национален Собир, предводен од Марин Ле Пен, а „за” одговориле 85 проценти од анкетираните.
„За” гласале и 71 процент од приврзаниците на конзервативната партија Републиканци.
Смртната казна во Франција беше укината во 1981 година, а последното бесење се случи во 1977 година.
Во истражувањето на Ипсос учествувале 1.030 лица на возраст над 18 години.