Сакала дете наместо кариера, сопругот ја доведе до зависност и пропаст– Факти за Ејми Вајнхаус

Имаше проблеми со булимија, почина на 27 години од труење со алкохол, а зависноста многумина ја препишуваат на нејзиниот поранешен сопруг – факти за Ејми Вајнхаус, која годинава ќе наполнеше 37 години.

 

Во нејзината кратка кариера, Ејми Вајнхаус успеа да стане едно од најпознатите имиња во светот на музиката.

За жал, таа ја изгуби битката со зависноста и на само 27 години почина од труење со алкохол.

На 14-ти септември, Ејми требаше да го прослави 37-от роденден, па по тој повод погледнете неколку факти за нејзиниот живот:

Нејзината баба ѝ била најголемиот идол

Бабата на Ејми, Синтија, во младоста била пејачка и токму таа е причината што Ејми ја засакала џез музиката. Кога баба ѝ почина во 2006-та, пејачката си направи тетоважа во нејзина чест.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-02.jpg

Беше дел од рап група

Пред Ејми да ја започне соло кариерата, таа беше дел од рап групата, односно дуото, познато како Sweet ’n‘ Sour. Групата ја формирала со нејзината најдобра пријателка Џулиет Ешби.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-03.jpg

Нејзините родители се развеле кога била многу мала

И покрај тоа што се соочила со развод на родителите уште во детството, на Ејми воопшто не ѝ пречело ова.

„Татко ми е одличен човек. Гo сакам. Ја сакам и мајка ми, но јас и тато сме многу слични. Многу сме импулсивни. Добро е што татко ми се исели од дома додека растев, бидејќи во спротивно ќе имаше многу караници“, има изјавено пејачката.

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-04.jpg

Не сонувала да стане пејачката

Според поранешниот стилист на Ејми, Алекс Фоден, Ејми не сонувала да стане пејачка:

„Мислам дека ако имаше можност, ќе ја променеше кариерата. Многу сакаше мачки и сигурно порадо би работела со нив, или со деца. Сакаше да основа семејство и да отвори училиште за пеење. Цената на славата беше превисока за Ејми“…

namesto-pejachka-sakala-da-bide-sopruga-i-majka-fakti-za-ejmi-vajnhaus-po-povod-37-ot-rodenden-05.jpg

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави