Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се 293 новозаболени од корона вирус од кои во Федерацијата 235, во Република Српска 57 и еден до Брчко.
Во федерацијата биле тестирани 1.733 примероци со што вкупно од почетокот на епидемијата тестирани се 138.296, а Ковид-19 е потврден кај 15.285 лица.
Оздравеле 11.092 пациенти, активни се 3.767 случаи.
Во Заводот за јавно здравје пријавени се 17 смртни случаи од кои седум во последното деноноќие, а 10 дополнително внесени во статистиката починати во текот на минатата недела.
До денеска во федерацијата од последиците од Ковид-19 починати се 426 пациенти.
Во Република Српска регистрирани се нови 57 заразени од 436 тестирани.
Регистрирани се два смртни случаи. Досега регистрирани се 8.340 случаи со корона вирус, а починале 279.
Оздравеле 5.337 лица, а вкупно се тестирани 71.819.