Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ја потврди својата подготвеност да биде дел и од втората администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, доколку тој биде реизбран за претседател на САД на изборите на 3 ноември.
Помпео не прецизираше за која позиција е заинтересиран.
-Има уште многу работа да се заврши и би сакал да најдам начин да бидам дел од тоа, рече Помпео во Вашингтон, на виртуелниот настан организиран од Атлантскиот совет.