Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на убедлив начин го доби првиот одигран меч по дисквалификацијата кој му се случи на УС Опен во Њујорк.
Првиот светски рекет на АТП листата, Србинот Ѓоковиќ во 2. коло на Мастерсот 1000 во Рим со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 го победи домашниот тенисер Салваторе Карузо.
Ѓоковиќ во осминафиналето на турнирот во Рим ќе игра со победникот од мечот Филип Крајиновиќ – Марк Чекинат.
https://twitter.com/i/status/1306206448607608832