Конститутивната седница на Собранието во Црна Гора е најавена за 23 септемцри

Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ соопштил дека конститутивната седница  на новиот состав ќе биде одржана в среда на 23 септември. Брајовиќ денеска се сретнал со претставниците на изборните листи кои обезбедија парламентарен статус.

Лидерот на коалицијата „Црно на бело“ Дритан Абазовиќ на состанокот рекол дека новото опозициско мнозинство има утврдено кандидат за претседател на Собранието, но преговорите за составот на новата влада сеуште биле во тек.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави