Министерот Маричиќ се сретна со црногорската амбасадорка Петровиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска имаше средба со амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ.

На средба, како што соопшти Министерството за правда, беа отворени прашањата за билатералната соработка на двете држави кои во моментот чекорат на патот кон Европската Унија, за кои соговорниците се согласија дека добрата соработка треба да продолжи и да се унапреди.

Министерот Маричиќ истакнал  дека се радува што регионот активно работи на градење на заедничка иднина и интеграција во Европската Унија и посочил дека Министерството за правда на Република Северна Македонија активно се подготвува за почетокот на преговорите со Европската унија и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права. д

Треба да знаете
Последни објави