Бугарскиот меморандум- нови услови за преговорите со ЕУ: Скопје молчи за десетиците илјади исчезнати

Бугарија испратила објаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите на Македонија со Унијата, со долги историски образложенија на шест страници за „државна антибугарска идеологија“ во Македонија.

Бугарија бара поддршка од ЕУ за својата официјална државна позиција дека не постои македонски јазик, кој е само пишана норма на бугарскиот и дека Македонците се вештачка творба на Јосип Броз Тито, односно на некој начин прелажани Бугари. Во меморандумот  уште се тврди дека „повеќе од 100.000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови“ во првите години по војната.

Засега нема реакција од Македонското министерство за надворешни работи за документот, како ниту од институциите на ЕУ.

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања треба да се сретне месецов, при што Гоце Делчев останува клучното спорно прашање, според претходните најави. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов пред неколку дена изјави дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, доколку мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.

Треба да знаете
Последни објави