Пропалестинските и произраелските демонстранти се судриле пред Белата куќа

Пропалестинските и произраелските групи се судрија пред Белата куќа во времето додека американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери го потпишуваа мировниот договор меѓу Израел, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати со посредство на САД, пренесува „Брејтбарт“.

„Ослободете ја Палестина“, извикуваа пропалестинските демонстранти кои дефилираа по улицата опкружени со палестински знамиња. „Нема правда, нема мир“.

Меѓу скандирањата имаше повеќе знаци и постери, од обете страни, кои беа покажани за време на маршот.

„Бенјамин Нетанјаху и државата Израел не го претставуваат светското еврејство“, вели еден знак од пропалестинската група, а на друг ишува „Без Трамп, без ККК, без фашистички САД“.

Додека пропалестинската група се приближувала до произраелската група, која била сместена мирно на аголот на улица, двете групи почнале да викаат една на друга и да се расправаат. Полицијата брзо реагирала да ги раздели двете групи.

„Израел е на картата за да остане“, вели друг знак што го држел член на произраелската група.

На настанот одржан во Белата куќа, Трамп прогласи „зора на новиот Блиски Исток“ со потпишувањето на мировниот договор меѓу Израел, Бахреин и ОАЕ.

„Овде сме за да го смениме текот на историјата. По децениите поделба и конфликт, ја одбележуваме зората на новиот Среден исток “, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави