Груби- Вутсас: Австрија е силен поддржувач на европските политики во Македонија

Првиот вицепремиер и Министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г-дин Артан Груби, во продолжение на средбите со дипломати акредитирани во Република Северна Македонија, денес во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Австрија, г-динот Георг Вутсас.

На оваа средба, која беше многу позитивна и пријателска, беа високо пофалени политичките односи меѓу Северна Македонија и Австрија, а исто така и економската соработка.Груби го извести австрискиот амбасадор дека тој и неговиот тим ќе се грижат за кохезијата во владината коалиција и дека тој ќе биде координатор на политичките ресори во Владата, вклучувајќи и усогласувањето на позициите меѓу коалициските партнери и одржувањето на консензусот.

Груби исто така му пренесе на амбасадорот Вутсас дека патот до неселективна правда и владеењето на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и преку ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.Амбасадорот Вутсас ја спомна и ситуацијата создадена во земјата, но и ширум светот со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Вутсас му рече на Груби дека Република Северна Македонија треба да вложи максимални напори за што е можно поуспешно управување со состојбата со вирусот КОВИД-19 со цел да се врати што е можно побрзо нормализирањето на граничните премини.На крајот на состанокот, заеднички беше заклучено дека напредокот на земјата, особено во делот на европската интеграција, бара многу одговорно однесување од сите нас, со цел што побрзо започнување на разговорите со Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави