Министрите за туризам на Израел и Бахреин првпат разговараа за туристичката соработка

Министрите за туризам на Израел и Бахреин денеска првпат телефонски разговараа за туристичката соработка, која вклучува патувања во Обединетите Арапски Емирати.

Разговорите меѓу израелскиот министер Асаф Замир и неговиот колега од Бахреин Зајед бин Расид ал Зајани следат по потпишувањето на договорот за воспоставување односи меѓу двете земји, во вторникот во Вашингтон.

На истата церемонија, ОАЕ и Израел ги официјализираа односите.

Треба да знаете
Последни објави