Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри. Во гаснењето на огнот, што загрози приватни и деловни објекти, покрај пожарникарите се вклучија и граѓаните. Работата на пожарникарите беше отежната од силниот ветер. Во гаснењето на огнот учествуваа пет противпожарни возила. Нема информации за евентуални жртви.