Костадинов по потврдената пресуда за „Тенк“: Добар почеток во градењето на доверба во правдата

Портпаролот на СДСМ и претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Костадин Костадинов е меѓу првите кои ја искоментира денешната одлука на Врховниот суд, со кои се одбиени барањата на Гордана Јанкулоска, Ѓоко Поповски и Никола Груевски да не одат в затвор за случајот „Тенк“.

„Време е за ред, правда, дисциплина! Одговорност за криминалите мора да има, ова е добар почеток во градењето на довербата кај граѓаните во правната држава.“, напиша пратеникот на Фејсбук.

Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за случајот “Тенк”, со која Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, беше осудена на 4 години затвор.

https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/posts/10219696285530794?__cft__[0]=AZUK0vmtxBb2bq3L8cJF6x4loKyIOD2VsDN4CnOAITax_j87WC7yiLPPk23lRUcHKPfIvf4AMvfwQZ9qW9h4Bjsv9lhVSkuMB1bwIp7wsBkDWpFYPLM0Fci5J79GVWFap9c&__tn__=%2CO%2CP-R

Треба да знаете
Последни објави