Заев: Со конкретни мерки се грижиме за лозарите, ќе одвоиме дополнителни 4 денари за килограм

Со конкретни мерки се грижиме за лозарите, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Ќе одвоиме дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со КОВИД-19. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги извести нашите лозари дека на владиниот Економски совет договоривме дополнителна мерка за интервентен откуп на грозје, кое ќе биде преработено во вински дестилат и гроздов сок.
Остануваат да важат и претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата од КОВИД-19. Посветени сме на тоа да реагираме веднаш и да преземаме чекори и мерки во интерес на лозарите, за да градиме партнерски однос и да креираме политики коишто ќе го унапредуваат земјоделието и стандардот на земјоделците.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159036957897932?__cft__[0]=AZUF3AKB1c4DNu3NYcs5tspblGaXY1ZNlYm_LzW22ZEfRhmmA_YSEL2e_tod9pZn8DWg1E8f0VdrRgGJXdFoohTgzHbrsm__zup4-XGDm4WWyozHURsO89smdPaXEJ2U4jOmV6Y94xDFNxD_NBNwrTkx25QJpxYnsRS50IJTEYU80w&__tn__=%2CO%2CP-R
Треба да знаете
Последни објави