Груби во посета кај градоначалничката на Тетово

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби денес оствари работна средба со градоначалничката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи.  Првично, Груби изрази искрено сочувство до г-ѓа Арифи за загубата на нејзината мајка, г-ѓа Надире Арифи, која беше многу позната активистка во областа на образованието низ целиот полошки регион.

 Првиот вицепремиер г.Артан Груби и г-ѓа Арифи зборуваа и за перспективите и понатамошниот развој на општина Тетово, но и за поддршката од централната власт за амбициозните проекти на градоначалничката Арифи.

 Груби по овој повод вети дека ќе биде отворен за соработка и дека ќе продолжи да прави максимални напори со цел градот на двата универзитета да се развие.

 Двајцата соговорници г-н Груби и г-ѓа Арифи се согласија дека сега по членството на Северна Македонија во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија се отвораат нови можности за инвестиции и развој на нашите општини.

 На крајот на состанокот, Груби ја извести градоначалничката на Тетово дека Владата донела одлука за признавање на инвестиција на приватната компанија НОРМАК која се наоѓа во слободната економска зона во Тетово. Тој исто така ја извести Арифи дека сите формалности се завршени од страна на Владата и дека е потврдена новата странска инвестицијата на норвешката компанијата КИЕЛ во слободната економска зона во Тетово, каде се очекува да бидат вработени над 300 работници.

Треба да знаете
Последни објави