Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г-дин Артан Груби, денес оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, г.Карло Ромео. На оваа средба Груби и Ромео разговараа и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Италија, кои со години се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.
Во оваа пригода, првиот вицепремиер Груби му порача на амбасадорот Ромео дека ја цени систематската поддршка што Италија ја нуди во процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија и изрази задоволство што многу од проектите финансирани од италијанската држава силно ги поддржуваат приоритетите на земјата за членство во најбрз можен рок во Европската Унија.
Италијанскиот амбасадор г.Карло Ромео изрази голем оптимизам дека во наредниот период, Република Северна Македонија, како и другите земји, ќе биде силно посветена на зајакнување на економијата и обезбедување соодветна здравствена заштита за своите граѓани како заштита од Ковид-19. Тој исто така рече дека земјата, односно државните институции, ги очекуваа зголемување на обемот на работа се со цел исполнување на европската агенда, вклучувајќи ги овде реформите во борбата против корупцијата, реформите во судството и владеењето на правото, реформи на кои Европската Унија обрнува посебно внимание.
Груби и Ромео разговараа и за развојот на соработката во областа на економијата, обрнувајќи посебен акцент на планот за привлекување повеќе италијански инвестиции во земјата. Исто така разговараа и за размена на практики што би и помогнале на Република Северна Македонија како идна членка на ЕУ.