МЗТ Скопје лесно го реши првиот тест со бугарскиот Левски

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го доби на убделив начин првиот од двата предвидени пријателски натпревари со бугарскиот Левски Лукоил (94:74). Вториот контролен натпреавр македонскиот и бугарскиот тим ќе се одигра утре попладне со почеток во 14:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Аеродромци докажаа дека се за класа подобри со најдобриот тим уште во првата четвртина во која поведоа со 17:3, а која ја завршија со позитива од 19:8. Двоцифрената предност растеше и во втората четвртина, во која МЗТ дојде и до најубедливата позитива од плус 21.

Високата предност беше најава за лесна победа против гостите од Бугарија, па на крајот резултатот гласеше 94:74. Дамјан Стојановски и Андреј Магдески беа најдобри на паркетот и постигнаа по 17 поени, пратени од Феми Олуџоби кои уфрли 15 поени.

 

 

Треба да знаете
Последни објави