„Градинките ги отворивме и обезбедивме процес на безбеден престој на децата, со сведување на ризикот за инфекција од коронавирусот на минимум, согласно Протоколот усвоен од Комисијата за заразни болести.
Здравјето на најмладите за нас е врвен приоритет и од тоа не отстапуваме. Но, морам да нагласам дека сите ние имаме одговорност и затоа апелирам до сите да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД-19, зошто само на тој начин ќе можеме да се заштитиме и да создадеме услови за сигурно работење на градинките”, порача Шахпаска.
Таа посочи дека интензивно се работи на зголемување на капацитетите во градинките, преку изградба на нови градинки по најсовремени стандарди, но и проширување на постоечките објекти.
„Се грижиме и за најранливите категории на граѓани, корисниците на социјалните права, чиј број со пандемијата е зголемен.
„Економски силни држави создаваат мотивирани и задоволни работници, чиј труд се вреднува, се почитуваат нивните права и се работат на безбедни работни мести. Ова е можно само преку отворен и континуиран социјален дијалог во општеството, во кој ќе бидат вклучени работниците, работодавачите и ние како Влада. Новиот Закон за работни односи ќе ги регулира сите прашања кои произлегуваат од работниот однос, јасно ќе ја дефинира сезонската работа, синдикалното организирање и работењето од далечина, како предизвик кој го наметна корона пандемијата”, рече Шахпаска и нагласи дека Владата продолжува со политиките на зголемување на минималната и на просечната плата.
Таа додаде дека грижата за највозрасните граѓани, кои го граделе општеството, пензионерите ќе се потврди преку стабилен пензиски фонд кој гарантира редовна исплата на пензии на сегашните и идни пензионери и раст на пензиите во континуитет.
Притоа министерката Шахпаска се осврна и на политиките и мерките наменети за младите кои ќе придонесат за поголема вработливост преку отворање на нови работни места, но и преку поддршка и грантови за самовработување.
„Родовата еднаквост и борбата против дискриминација се високо на мојата агенда. Законот за спречување и заштита од дискриминација веќе е во собраниска процедура и убедена сум дека во брз рок ќе добиеме ефикасна и објективна Комисија за заштита на граѓаните”, истакна Шахпаска.
Таа додаде дека Законот за спречување и заштита од дискриминација веќе е во собраниска процедура и наскоро ќе добиеме ефикасна и објективна Комисија за заштита на граѓаните од дискриминација.
„Борбата против родово базираното и останати облици на семејно насилство ја продолжуваме со целосна имплементација на Истанбулската конвенција.
Овде сум да работам, вредно, одговорно, транспарентно, но пред се чесно за граѓаните и за нашата држава”, истакна Шахпаска.