Новиот шеф на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Давид Гер денеска ќе оствари средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.
На веб страницата на Собранието средбата е најавена за попладне во 15 часот.
Геер доаѓа на местото на Словенецот Самуел Жбогар кој изминатите четири години ја извршуваше функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Жбогар во изминатите денови имаше проштални средби со државниот врв на кои беше изразена надеж за успешен старт на пристапните преговори на земјава во Европската унија.