Вкупно шест лица се повредени, од кои едно девојче потешко, во сообраќајна незгода на три возила што се случи вчера околу 19 часот на улицата „Илинденска” во Тетово.
Во сообраќајката учествувале „опел корса” управуван од Б.С (21) од Ново Село, потоа „фолксваген голф” што го возел Н.Н(59) од Палатица и „бмв” управувано од М.Д (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 16 годишно девојче, сопатничка во возилото опел корса. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болнница, каде и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле возачите на „опел корса” и „бмв”, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител е извршен увид на местото, со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.