Палеонтолози од Мјанмар го пронајдоа најстариот примерок на животински сперматозоид. Тој бил сместен во парче килибар старо 100 милиони години.
Научниците го откриле примерокот во полови органи на прастар женски рак, заглавен во смола. Претходно непознатиот вид рак, сега е наречен „Мјанмар Сајпрус хуи”.
– Женката се спарила кусо пред да заталка во смолата… Ова е најстариот фосил во кој се најдени клетки на сперма, рече Хе Ванг од Кинеската академија на науките во Нанжинг.
Претходната рекордна старост на примерок од сперма беше 50 милиони години. Му припаѓала на прастар вид црви.