Повеќето реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат пад на нивоата под просекот за септември. Според УХМР, драстични намалувања бележат Вардар кај Јегуновце и Црн Дрим кај Ложани. Зголемени се водостоите само на Вардар кај Скопје и Влес и на Црна Река кај Новаци. Состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, не бележи поголеми промени.