Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, соопшти денеска шведската Влада и додаде дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе „вбризга” 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.
Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.
– Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, се вели во соопштението на малцинската коалиција.
Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.