Комисијата за заразни болести не донесе одлука за целодневна настава на децата

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок не донесе одлука да се препорача целодневна настава за децата кои со физичко присуство треба да тргнат на училиште на 1 октомври. Според информации на Сител членовите на Комисијата побарале точни податоци од МОН колку деца во еден клас би користеле дневен престој за да можат да изготват соодветни протоколи.

Првично Комисјата не препорача да има целодневна настава, но овој проблем се отвори по реакцијата на голем број родители за тоа кој ќе се грижи за децата кога и двајцата родители се на работа, а часовите ќе им траат од 2 до 4 саати и ќе мора најдоцна до пладне некој да го земе детето од училиште.

 

Треба да знаете
Последни објави