Барселона не е во можност да се договори со напаѓачот Луис Суарез за раскин на договорот, пренесува „Мундо Депортиво”, повикувајќи се на „Кадена СЕР”.
Забележано е дека Каталонците му понудија на Уругваецот отштета од околу седум милиони евра, но сумата не му одговараше на напаѓачот.
Претходно беше објавено дека Суарез сака каталонскиот клуб да му исплати плата за преостанатата година според договорот – околу 14 милиони евра.
Иако беше најавувано, Суарез нема да се пресели во Јувентус, а новиот тренер на Барселона, Роналд Куман не смета на услугите на Уругваецот.