Потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денес соопшти дека полицијата го расветлила убиството на Страхиња Стојановиќ, што се случи на 13 септември годинава во Нов Белград.
-Преку сериозна и добра работа, припадниците на полицијата, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, успеаја да го идентификуваат сторителот на ова дело и да соберат доволно докази за да поднесат кривична пријава, рече Стефановиќ.
Како што објасни Стефановиќ, осомничениот не е само државјанин на Република Србија, поради што во соработка со други државни органи се издава меѓународна потерница.
Стојановиќ беше убиен во Нов Белград, кога неговиот џип беше разнесен со експлозив.Со него во автомобилот била и Колумбијката Соња Суарез Гомез.