Играчот за врска Артуро Видал ги користи социјалните мрежи за да се збогува со својот поранешен клуб Барселона. Само прашање на часови е чилеанецот да се пресели во Интер.
Претходно денес ги помина медицинските тестови. Италијанците ќе платат 1 милион евра за неговите права, а самиот играч ќе парафира за 2 + 1 година.
Еве што напиша Видал:
„Денес, по две прекрасни години поминати во овој голем клуб, Барселона, се збогувам со сите. Многу сум горд што го носев дресот на тимот и играв покрај одлични фудбалери и добри луѓе. Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на соиграчите, тренерите, лекарите, спортскиот и техничкиот персонал, како и на сите одлични навивачи кои секогаш ме сакале.
Денес започнувам нова фаза во мојот живот и сите тие остануваат во моето срце засекогаш.
Се гледаме наскоро и да живее Барса!
Артуро”.