Новак Ѓоковиќ го освои „Мастерс” турнирот во Рим по победата со 7:5, 6:3 над Аргентинецот Диего Шварцман, а по завршувањето на мечот светскиот тенисер бр.1 го коментираше неговиот учинок во италијанската престолнина, како во финалето, така и во текот на целата недела.
– Условите беа тешки, особено на почетокот. Малку врнеше, имаше малку ветер и врева, ми требаше време да се навикнам. Генерално, не го покажав најдобриот тенис цела недела. Но, ја пронајдов својата игра кога ми требаше во решавачките моменти. Тоа ме прави многу среќен. Среќен сум што освоив уште една голема титула, рече Ѓоковиќ по победата.