Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон создава коалиција на земји за запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток-2″ и дека САД го чекаат извештајот на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да одговорат на труењето на Алексеј Навални.
Во интервју за германски Билд, Помпео изјави дека гасоводот носи ризици за Европа, поради зголемената зависност од рускиот енергенс, и дека исто така тоа е ризик и за Украина „нешто за што знам дека Германскиот народ е многу загрижен”.
На прашањето дали руската Влада треба ги троши милијардите евра што ги добива со продажба на гас, меѓудругото, со плаќање атентатори да користат хемиско оружје против владини опоненти, Помпео одговори дека „САД ставија до знаење дека употребата на хемиско оружје е неприфатлива”.
– Го чекаме извештајот на ОПЦВ, мислам дека треба да биде објавен неделава или следната недела. За тоа како САД ќе одговорат (на нападот со хемиско оружје врз Навални), вие знаете колку жестоко ние одговоривме околу случајот Скрипал, изјави Помпео.