Индијана оствари средба со Били Донован

Управата на кошаркарскиот НБА лигаш Индијана направи интервју со поранешниот тренер на Оклахома, Били Донован.

Според „ The Athletic” Пејсерси планираат да се состанат со 12 кандидати за главен тренер.

Тимот претходно се раздели со Нејт Мекмилан откако беше поразен од Мајами во првото коло од плејофот (0-4).
Донован се натпреварува и за позицијата главен тренер на Филаделфија. 

Треба да знаете
Последни објави