Расте бројот на заразени во Бразил, регистрирани 13.439 нови случаи на коронавирус

Во Бразил се регистрирани 13.439 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени лица е поголем од 4,5 милиони.

Во исто време, 377 пациенти починале во последните 24 часа, а 137.202 од почетокот на пандемијата, пренесува ТАСС.

Досега закрепнале повеќе од 85% од заразените, а околу половина милион граѓани се под медицински надзор.

Во моментов има активни 21.690 случаи, а според податоците, регистрирани се 653 смртни случаи на милион заразени.

Треба да знаете
Последни објави