Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во рехабилитација на автопат А1 – делница Катланово – Петровец.
Градежните активности опфаќаат обнова на двата коловоза и проширување. Се спроведуваат преку Програмата за изградба и одржување на патиштата на ЈПДП.