Против Канаѓанката Паскал Ферие, која беше уапсена под сомнение дека испратила писмо со рицин во Белата куќа, поднесено е обвинение за закани кон американскиот претседател Доналд Трамп.
Таа вчера првпат се појави на суд во Бафало, а судијата и нареди да остане во федерален притвор.
Таа беше уапсена во неделата кога се обиде да премине во Канада на граничен премин во државата Њујорк. Со себе носела оружје и нож.