Ќерката на Анџелина Џоли која ја доби во бракот со Бред Пит, Шајло, како што пишуваат светските медиуми го променила името и сега се вика Џон.
Во февруари оваа година Шајло и официјално на стана Џон на хартија, а според странските медиуми, а се подготвува и за операција на промена на полот, иако за тоа не постои официјална потврда.
– Таа сака да биде машко, па и ја скративме косата. Исто така сака да носи машка облека и мисли дека е една од браќата – велеше претходно Анџелина, која во целост ја поддржува во таквата одлука од самиот почеток.