Американка преку Тик-ток предизвикот „Две вистини и една лага” го расплака својот сопруг и, тоа стана хит на интернет.
Концептот на играта е во тоа што личноста која снима, ѝ кажува две вистини и една лага на „жртвата”, а таа, или во случајов – тој треба да ја погоди лагата. Така, предизвикувачката рече:
– Под број 1. Отсекогаш сакав да станам глумица. Бр. 2. Хаските ми се омилени кучиња. И, бр. 3. Јас сум бремена.
Испадна дека хаските ѝ се омилени кучиња, но сопругот го знаеше тоа…
Нему му требаа само две-три секунди да сфати дека е бремена.