Немаше кој да ја преставува партијата ВМРО ДПМНЕ денеска на рочиштето од судскиот процес Талир. Доскорешниот секретар Игор Јанушев повеќе не е овластен преставник, оти беше разрешен од оваа функција и сега е само пратеник рече одбраната.
Вториот преставник Наум Стоилковски пак бил отсутен поради здравствени причини. Поради ова се одложи и денешното рочиште за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ.
Но, судијата Осман Шабаникој го води процесто забележа дека не е прв пат да се одложува рочиште поради отсуство на преставник ВМРО ДПМНЕ и побара во рок од 3 дена да се достави медицинска документација за да се оправда неприсуството на Стоилковски.
Инаку во Талир се обвинети 14 – на од поранешното раководство на партијата меѓу кои поранешниот претседател Никола Груевски.